Примитивни податочни типови

Во Јава програмскиот јазик променливите мора прво да се декларираат пред да можат да бидат употребувани.

Тоа вклучува наведување на податочниот тип на променливата и нејзиното име, или како што можеби имате видено:

int brzina = 1;


Со ова на програмот му се кажува дека полетоbrzinaпостои, дека содржи нумерички податок, и дека има иницијална вредност „1“. Податочниот тип на променливата предодредува какви вредности истата може да содржи и какви (кои) операции можат да се изведат врз таа променлива. Покрај податочниот типintЈава програмскиот јазик поддржува седум други примитивни податочни типови. Примитивниот податочен тип е предефиниран од програмскиот јазик и е именуван со резервиран збор. Примитивните податочни типови не ги делат особеностите со другите примитиви. Осумте примитивни податочни типови поддржани од Јава програмскиот јазик се:

1. byte: Податочниот тип „byte“ содржи 8 бита (1 бајт) и може да се движи во интервал од -128 до 127 (вклучувајќи ги споменатите вредности). Податочниот тип „byte“ е корисен при штедење на меморија кога се работи со големи низи (array), каде штедењето на меморија навистина е значајно. Исто така може да се употребува наместо податочниот типintкаде ограничувањето го прави кодот појасен.

 

2. short: Овој податочен тип содржи 16 бита (2 бајти) и може да се движи во интервал од -32.768 до 32.767 (вклучувајќи ги споменатите вредности). Исто како и за податочниот тип byte и овде можат да се употребат истите начини на употреба, штедење на меморија при работа со големи низи на пример.

 

3. int: Подточниот типintсодржи 32 бита (4 бајти). Минимална вредност која може да јаноси“ е -2.147.483.648, а максималната е 2.147.483.647 (вклучувајќи ги споменатите вредности). За целобројни вредности најчест избор е овој податочен тип, освен ако постои причина да се употреби некој одпомалите) горе споменати податочни типови. Овој податочен тип во принцип е доволен за целобројните вредности кои ќе се користат во твојот програм, но доколку има потреба од повеќе секогаш може да се искористи податочниот тип „long“.

 

4. long: Ова е 64 битен (8 бајти) податочен тип. Тој може да има минимална вредност од -9.223.372.036.854.775.808, а максималната изнесува 9.223.372.036.854.775.807 (вклучувајќи ги споменатите вредности). Овој податочен тип се користи кога податочниот типint“ е недоволен.

 

5. float: Ова е 32 битен IEEE 754 податочен тип со подвижна запирка. Интервалот на вредности кои може да гиносине е тема за овој напис, туку истиот ќе биде објаснет во некој нареден напис подетално. Истото што важеше за byte и short за штедење на меморија важи и за овој податочен тип, така да користете го float наместо double за да заштедите на меморија. Овој податочен тип никогаш нетреба да се користи за прецизни вредности, како на пример за искажување на валутни вредности. За таа цел употреби ја класата java.math.BigDecimal.

   

6. double: Ова е 64 битен IEEE 754 податочен тип со подвижна запирка. Напоментатото за податочниот тип float важи и овде.

 

7. boolean: Овој податочен тип може да има само една од двете вредност, true или false. Користи го овој податочен тип за едноставни знаменца. Овој податочен тип е репрезентација на 1 бит, но неговата големина не е точно дефинирана.

 

8. char: Ова е едноставен 16 битен Unicode карактер. Минимална вредност може да биде 0 а максимална 65.535, односно од '\u0000' до '\uffff'.


Како додаток на осумте примитивни податочни типови програмскиот јазик Јава овозможува специјална подршка застрингови“ (string, низа од карактери) преку класата java.lang.String. Ставајќи го твојот карактер (или повеќе карактери) во двојни наводници автоматски се креира нов објект од типот String. На пример: String s = "ova e string" Објектите од типот String се immutable, што значи дека еднаш креирани и неможе да се менуваат (се мисли на нивната вредност). Класата String не е примитивен податочен тип, но поради специјалната поддршка од програмскиот јазик ќе ја прифатиш како да е примитивен податочен тип. Понатака ќе го опишеме овој податочен тип поопширно.

Вообичаени вредности

Не секогаш е потребно да се додели вредност на штотуку декларирана променлива. Полињата кои се декларирани, а не се иницијализирани (не им е доделана вредност) се подесуваат на предефинирана вредност од страна на компајлерот. Генерално кажано вообичаена вредност би била 0 (нула) или null, зависно од податочниот тип. Но сепак, не се препорачуваослонувањена овие предефинирани вредности бидејќи тоа се смета за лош стил на програмирање.

Следнава листа дава преглед на вообичаените вредности од погоре споменатите податочни типови.

  • byte : 0

  • short : 0

  • int : 0

  • long : 0L

  • float : 0.0L

  • double : 0.0d

  • char : \u0000

  • String (или било кој друг објект) : null

  • boolean : false


Локалните променливи се поразлични од глобалните промеливи, односно компајлерот никогаш не доделува предодредена вредност на неиницијалнизирани променливи. Доколку неможеш да ја иницијализираш варијаблата при самото декларирање тогаш задолжително додели и вредност пред да ја употребиш. Пристапување до неиницијализирана вредност ќе резултира со грешка во компајлирањето.